Веста на денот во шпанските медиуми е дека играчот за врска во Реал Мадрид германскиот репрезентативец Сами Кедира ќе ја продолжи кариерата во Лондон.
Постојат две опции, заминување во редовите на Арсенал или повторна соработка со Жозе Мурињо во Челси.
Самиот играч стави јасно до знаење дека доколку добие подобра понуда тој ќе го напушти Мадрид ова лето. Во случај да тоа не се случи тој следното лето е слободен играч откако ќе му истече договорот со „кралевите“.
Најзагреан за услугите на еден од најдобрите играчи на германската репрезентација на последното светско првенство е менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер. Тој по секоја цена сака да го види во своите редови. Арсенал испрати понуда до Реал Мадрид во висина од 20 милиони фунти. Преговорите запнаа околу годишната плата на играчот. „Топџиите“ нудат седум милиони евра годишно додека играчот бара девет. Оваа сума Челси е спремен да ја плати, но би почекал до следната сезона за да го добие играчот бесплатно односно без обештетување.
Која и од овие работи да се оствари, повеќе од сигурно е дека Сами Кедира ќе се пресели во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


