| четврток, 6 декември 2018 |

За здраво срце, јадете кикиритки!

kikiriki

Откриено е дека кикиритките го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар, па затоа би било добро да ги вклучите во исхраната, но во умерени количини.

Кикиритките би можеле да бидат многу важно оружје во борбата против срцевиот удар, покажуваат резултатите од последните истражувања. Грицкањето кикиритки или јадењето путер од кикиритки најмалку пет пати неделно може да го преполови ризикот од срцевиот удар. Откриено е дека кикиритките го намалуваат холестеролот, ги запираат воспаленијата и ја подобруваат состојбата на крвните садови околу срцето.

Во период од 22 години научниците од „Хардвард“ набљудувале 6.000 жени со дијабетес тип два, кој го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Тие жени имале посебен режим на исхрана, а секоја втора или четврта година исполнувале прашалници за начинот на исхрана.

Кога научниците ги споредувале резултатите, откриле дека жените кои јаделе кикиритки биле позаштитени од срцевиот и мозочниот удар. Изненадување е тоа што ризикот е намален за дури 44 проценти.

Корисно е во исхраната да ги вклучите кикиритките затоа што го намалуваат холестеролот и го подобруваат здравјето. Секако, ако се консумираат во умерени количини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top