
Русија би можела да воведе ограничувања или забрана на европските авиокомпанија да ги користат транссибирските маршрути како одговор на санкциите што Европската унија ѝ ги воведе на Москва поради Украина.
Тоа би можело да ги зголеми трошоците за летање на авиокомпаниите од Европа кон Азија, пишува рускиот „Ведомости“.
Руската нискобуџетна авиокомпанија „Добролет“, која е под капата на државната „Аерофлот“, минатата недела мораше да ги откаже сите летови, бидејќи нејзиниот лизинг-договор за набавка на авионот „боинг 737-800“ е запрен бидејќи ЕУ го прошири санкциите на тој авиопревозник поради летовите кон Крим, јави агенцијата ИТАР-ТАС.
Со забраната нема да бидат погодени само европските компании, туку и државната руска компанија што наплатува такси за прелет на руската територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


