Сурогат-мајката на момчето што родителите одбиле да го земат бидејќи боледува од Даунов синдром, Патармон Чанбуа, побарала да ѝ ја вратат и неговата сестра-близначка бидејќи е откриено дека биолошкиот родител на детето е осудуван и регистриран педофил.
– Во шок сум откако го дознав тоа – им рекла несреќната жена на новинарите.
Патармон е сурогат-мајка на близнаците на австралиска брачна двојка и се породила во декември. Биолошките родители го зеле здравото девојче, а нејзе ѝ го оставиле момчето, кое има Даунов синдром. Детето е хоспитализирно, но неговите оштетувања се преголеми за Патермон и нејзиното семејство да можат да ги покријат трошоците за лекување.
Тој бесчувствителен гест предизвика страшен скандал, а сега е откриено нешто уште пострашно.
Австралиските медиуми откриле дека таткото на близнаците е осудуван за силување на најмалку три девојчиња. Отслужил три години затвор поради злоупотреба на две девојчиња помлади од 10 години и за блуд над 13-годишно девојче.
Патермон не знаела за тоа, па сега бара Австралијците да ѝ ја вратат и ќерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)



