
Вадата на предлог на МТСП усвои акциски план , кој овозможува влез на приватен капитал во детските одморалишта, информира владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
-Оттуѓувањето на државниот имот ќе се врши преку транспарентен процес на јавна аукција кон средината на месец август. Условите ќе бидат објавени во јавниот повик. Приватниот инвеститор мора дејноста да ја задржи во сферата на туризмот, истакна Ѓорѓиев.
Станува збор за следниве одморалишта: Ѓуриште, Суви Лаки, Малешево, Пелистер, Николиќ и Горно Водно.
Направени се првичните проценки и се очекува цената на овие детски одморалишта да биде од 50.000 до 400.000 евра.
Дополнителни информации, идеи и размени на мислења заинтересираните инвеститори може да побараат во Министерството за труд и социјална политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


