| четврток, 6 декември 2018 |

Кочанец качил автостоперка, која го нападнала и ограбила

стоп
Сакајќи да ѝ помогне на млада девојка која доцна во ноќта стопирала за превоз, 31-годишниот кочанец И.Ѓ. завршил нападнат и ограбен.

Драмата се случувала синоќа околу полноќ додека И.Ѓ. се враќал од Пониква кон Штип. Во еден момент на коловозот забележал непозната жена која барала превоз. Застанал и ја однел до бензиската пумпа кај селото Чешиново, каде што ја оставил, но откако видел дека таа повторно излегла на коловозот, се исплашил за нејзината безбедност и одлучил да се врати и да ја однесе до селото Крупиште.

Откако пристигнале на паркинг во селото, тој ѝ ја отворил вратата за да излезе, по што девојката му побарала пари. Кога не ги добила, му ги зела клучевите од автомобилот, физички го нападнала со тупаници и од вратот му го скинала златниот ѓердан.

Кочанецот брзо се соземал од шокот и од она што најмалку го очекувал, и успеал да си ги земе клучевите назад, по што отишол во Штип каде што го пријавил случајот.

Кратко потоа полицијата ја привела 25-годишната девојка Б.Е., против која ќе биде поднесена кривична пријава за разбојништво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top