| четврток, 6 декември 2018 |

Именуван новиот бугарски премиер

Бугарскиот професор по право и поранешен социјалистички пратеник Георги Близнашки (57) денеска е именуван за вршител на должноста премиер на Бугарија.

Нов министер за финансии ќе биде 49-годишниот Румен Порожанов, наведе  во изјава претседателот Росен Плевнелиев.

Преодната влада презема должност откако коалицијата предводена од социјалистите поднесе оставка во крајот на јули. Новата влада ќе ги подготви изборите закажани за 5 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top