Берни Еклстон е легенда и прв човек во Формула 1 натпреварите долго време, а во финишот на својата кариера можеше да заврши и во затвор. Тој е обвинет дека му дал мито од 44 милиони евра на банкарот Герхард Грибковски како дел од договорот за продажба на удел акции во Ф1.
Судот во Минхен поведе постапка против двајцата, банкарот настрада и е осуден на осум и пол години затвор, а Еклстон сепак избегна казна зад решетки и прифати да плати 56 милиони евра парична казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


