Во Летонија вчера се измерени 37,8 Целзиусови степени, што е највисока измерена дневна температура откако се спроведува мерењето, соопштија локалните метеоролози.
Температурата е измерена во пристанишниот град Вентспилс, на западот на Летонија.
Висока температура, над 30 степени, е забележано и во соседните балтички земји – Естонија и Литванија.
Во текот на јули во Летонија, земја со два милиона жители, барајќи освежување во реките и езерата, се удавија 30 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.