| четврток, 6 декември 2018 |

Во Манчестер: Никола Коџобашија ќе прави музика за „Ромео и Јулија“

Никола Коџобашија

Македонскиот композитор Никола Kоџабашија ја создава музиката за претставата „Ромео и Јулија“ во продукција на организацијата „Хоум“ од Манчестер, Англија. Музика во балкански стил од македонски композитор, така британските медиуми го најавуваат уметничкиот придонес на нашиот композитор. Претставата ќе има премиера на 10 септември на историската локација „Викториини Бањи“, каде што три базени ќе бидат искористени како сцена, пишува „Бродвејворлд“. Историските бањи ќе бидат наполнети со 330.000 литри за потребите на изведбата.

Режисер е Британецот Валтер Мејерјохан. Дејството во претставата ќе биде сместено во Источна Европа, а насловните улоги ги толкуваат актерите Алекс Фелтон и Сара Викерс.

– Го третираме припаѓањето и нашата „Ромео и Јулија“ како современа бајка ја поставуваме во криминалното подземје на Источна Европа – вели режисерот Мејерјохан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top