
Јавното-сообраќајно претпријатие „Скопје“ го потпиша договорот за изградба на Панорамското тркало со градежната фирма „Бетон“ – Скопје. Објектот, кој ќе се издигне на нов мост во Вардар, меѓу Камени мост и мостот „Гоце Делчев“, според договорот е предвидено да чини 1,1 милијарда денари.Изградбата на целиот објект е предвидено да трае пет години, а на мостот се планираат и придружни објекти – кафетерија, сувенирница и ресторан.
Панорамското тркало ќе биде високо 73 метри, мерено од брегот на реката, а ќе има дијаметар од 57 метри. На него ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со просечно осум места за возрасни и две за деца во секоја од нив. Гондолата ќе може да издржи товар од 750 килограми. Максимален капацитет на патници на Панорамското тркало ќе биде 300 луѓе, односно 240 возрасни и 60 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент


