| четврток, 6 декември 2018 |

Ромпуј: Британија скапо ќе ја чини напуштањето на ЕУ

herman-van-rompuy
Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, го предупреди британскиот премиер Дејвид Камерон дека евентуалното напуштање на ЕУ би ја чинело скапо Велика Британија и дека останатите европски лидери не сакаат да ги предоговараат основните договори на заедницата.

Ван Ромпуј на конференција за проблемите на ЕУ, која се одржува во Лондон, истакна дека Велика Британија има можност да одигра главна улога во изградбата на европската економија, во момент кога еврозоната располага со економски иструменти кои треба да ѝ помогнат да излезе од најтешката криза во својата историја.

Според него, излегувањето од ЕУ е можно од правна гледна точка, но би било многу сложено и непрактично во правен и политички однос.

– Тоа е како едноставно да помислите на развод по 40 години брак – изјави Ромпуј.

Во јануари Камерон најави дека, доколку неговата Конзервативна партија победи на изборите во 2015 година, ќе распише референдум на кој Британците ќе се изјаснат дали сакаат земјата да остане во ЕУ. Со тоа тој ја зголеми опасноста дека Велика Британија може да ја напушти Унијата по 40 години членство во неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top