| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 100 повеќенаменски терени за љубителите на спортот

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт, денес се потпиша Рамковната спогодба со избраните фирми-изведувачи на градежните работи на 100-те повеќенамнески терени

AMS-povekenamenski-
АМС ја заврши постапката за избор на изведувачи за изградба на 100 повеќенаменски терени, проект на Влада на Република Македонија за развој на спортската инфраструктура.

За развој на спортската рекреација, односно „Спортот за сите“, најдобар начин да се создадат услови е изградба на повеќенаменски игралишта. Повеќенаменските игралишта ќе бидат достапни за сите граѓани за спортување, рекреирање и одигрување натпревари. Истите ќе можат да се користат деноноќно, што значи дека треба да постанат место за собирање и дружење на младите генерации, како и основа за создавање здрава младина. Секако, тоа претставува исклучително добра превентива во борбата против пороците на модерното живеење.

Вкупната вредност на овој проект е 10 милиони евра.

Во 2010-2011 година се започнати со градба 34 повеќенаменски терени за спорт, а временскиот период за изградба на сите терени е помеѓу 2013-2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top