Синот на убиениот американски сенатор Роберт Боби Кенеди се ожени по третпат на свеченост на семејниот имот во сојузната американска држава Масачусетс, која претставува „седиште“ на кланот Канеди.
Роберт Кенеди Јуниор (60) се венча со Черил Хајнс (48), американска телевизиска актерка, која двапати досега беше номинирана за престижната награда „Еми“.
Новата венчавка на Боби Јуниор американските медиуми ја означуваа како можност за ново собирање на целиот клан, со кој сега управува Етел Кенеди (86), мајка на младоженецот и вдовица на некогашниот сенатор, а пред тоа и член на американската администрација од првата половина на 60-тите години на 20 век.
На свадбата биле поканети над 600 луѓе, а на неа биле и петте деца на Боби Јуниор од неговите два претходни брака, како и ќерката на неговата нова сопруга.
Венчавката на Кенеди доаѓа само две години по самоубиството на неговата претходна сопруга, која се обеси во нивната семејна куќа во мај 2012 година кога нивниот брак беше распаднат откако беше откриена врската на сопругот со актерката Черил Хајнс.
Боби Јуниор имаше 14 години кога во август 1968 година беше убиен во атентат неговиот татко Роберт Кенеди. Тој му беше брат на американскиот претседател Џон Кенеди кој пет години пред тоа, во ноември 1963 година, во Далас, во Тексас, беше исто така убиен во атентат.
Таткото на Боби Кенеди, популарен политичар меѓу американските демократи од тоа време, беше убиен во еден хотел во Лос Анџелес за време на изборната кампања за претседател на САД. Атентаторот Сирхан Сирхан со палестинско потекло беше осуден на доживотен затвор и тој сѐ уште ја издржува казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст