Над 400 војници од Украина преминаа во Русија со барање да им биде дозволен азил, изјави претставникот на граничната управа на Федералната служба за безбедност во Ростовската Област, Василиј Малев.
– Синоќа 438 украински војници побараа азил од руските граничари. По одлука на граничната служба на Руската Федерација отворен е хуманитарен коридор и ги пуштија војниците на територијата на Русија, посочи Малев.
Меѓу војниците кои побарале азил се 164 украински граничари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.