Премиерот на Србија и лидер на СНС, Александар Вучиќ се соочува со големи отпори во својата партија бидејќи не исполнува желби на партиски лица кога се во прашање државни функции, објавува Блиц.
– Само во текот на изминатиот викенд добил десетици СМС пораки од партиски функционери во кои тие негодуваат оти се разрешени дел од партиските одбори, што не им се дадени функции во локалната самоуправа, наведува Блиц повикувајќи се на близок соработник на Вучиќ.
Другата група функционери што негодуваат во партијата се оние кои се незадоволни со последните промени во јавните претпријатија, но и најавените промени во државните фирми.
Според веникот, договорот со одделни бизнисмени да преземат водење државни фирми создало нова група непријатели на премиерот на Србија „кои се и во Владата на Србија“.
Најголем отпор според весникот, се очекува кога ќе се намалуваат платите и пензиите бидејќи многумина стравуваат на загуба на популарност кај граѓаните. Вучиќ за весникот вели дека се труди да работи како премиер во интерес на граѓаните на Србија, а не на партиски поединци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст