| четврток, 6 декември 2018 |

Во православен камп српски екстремисти учат деца како да пукаат (ФОТО)

Девојчиња и момчиња учат да пукаат од „калашников“, прават склекови и спијат во пештера. Ова се некои од ужасните сцени на фотографиите на Светолазарскиот православен малдински камп (SPOK). Кампот во јули на планината Кучај, на западот на Србија, го организираше таканаречената Српска вистинска православна црква (SIPC), пишува српски „Блиц“.

499759_dsc0787_ff

Деца на возраст од седум до 17 години, под покровителство на сектата, десет дена живеат во воени услови во природа, пешачат по десет километри и спијат во една пештера. Тие беа облечени во маскирни униформи и учеа да пукаат од таканаречените „еирсофт“ (airsoft) пушки.

499764_dsc0304_ff (1)

Српската вистинска православна црква е  неканонскa и непризнаенa православна црква, која во Србија дејствува уште од 1995 година. Тие се православни фундаменталисти чија главна идеологија е антиекуменизам против католиците, но и прекин на сите контакти со другите христијани. Тие сметаат дека Православната црква падна во ерес. Првиот човек SPIC е Немања Станковиќ, исто така познат како епископ Акакиј.

499760_dsc0805_ff

– Ова не е само религиозен камп, туку и патриотско-црквен камп, каде што ги учиме младите луѓе како да се брани татковината и народот, сега дека армијата е укината. Одбраната на својата земја и народ е обврска. Ова е летен камп, кој трае само десет дена, а не во текот на цела година, а родителите сами ги праќаат своите деца – вели за српскиот весник епископот Акакиј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top