
Припадните на сицилијанската мафија се познати по строгата традиција и по крвните одмазди кои ги имаат со генерации. Но, новите мафијаши ги отфрлаат застарените методи и се префрлуваат на социјалните медиуми на кои се расфрлуваат со своето богатство и моќ.

Така, на „Фејсбук“ може да се видат фотографии од нивниот луксузен живот и скапоцени автомобили, јахти и друг имот. Таков е Доменико Палазото, чиј профил е преполн со фотографии на кои се фали со тоа што го има, кого го познава, што пие, што работи…

Но, тој не е единствен. Таков е и Салваторе Далесандро, кој, исто така, се фали со својот луксузен стил на живот.
Но, полициските истражители тврдат дека ова расфрлање со богатството ним им ја олеснува работата. Така, Палазето е меѓу првите 95 уапсени во неодамнешната акција во која „паднаа“ поголемиот број мафијаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


