Иако важат за едни од најлутите ривали на трибините, популарните Чкембари, навивачите на Пелистер, направија неверојатен гест.
По инцидентот на трибините на навивачите на Вардар, скопските Комити, токму Чкембарите биле првите кои пристигнале во болница каде што биле Комити и им однеле вода и храна.
Информациите ги потврдуваат и од двата навивачки табори.
Очигледно е дека несреќните случаи ги зближуваат навивачите до степен да го заборават огромното ривалство меѓу себе и да си помогнат кога меѓусебно си требаат.
Меѓу навивачите оваа информација е пречекана со восхит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



