| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ: Црна Гора, Бугарија и Кипар ќе бидат засегнати од санкциите против Русија

Меѓународниот монетарен фонд во најновиот реферат за секундарните ефекти на светската економија до кои ќе доведат санкциите против Русија, ги издвои Црна Гора, Бугарија и Кипар.

MMF

Овие три земји се издвоени како мека за руските туристи, што е многу значаен фактор во економиите на Црна Гора, Бугарија и Кипар. Со порастот на курсот на рубљата и нестабилната економска ситуација, жителите на Русија веќе патуваат многу помалку во странство, што веќе го забележаа земјите од ЕУ, а посебно Чешка.

Капиталните вложувања од Русија надминуваат пет отсто од БДП во Белорусија, Бугарија, Молдавија и Црна Гора. Од Русија, исто така, зависат и финансиските центри на Кипар и Луксембург.

Доколку се појават проблеми со изградбата на „Јужен тек“ без инвестиции можат да останат земјите низ кои гасоводот треба да минува, а тоа се Бугарија, Унгарија и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top