Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен најави дека Северноатлантската алијанса ќе подготви нови одбранбени планови, соочена со „руската агресија“ на Украина и ги повика земјите – членки да ги зголемат вложувањата во војската.
– Руската агресија беше предупредување и создаде нова безбедносна ситуација во Европа. Ќе ги зголемиме воените вежби и ќе подготвиме нови одбранбени планови, изјави расмусен во интервју за францускиот весник „Миди либр“.
Тој истакна дека ќе ги охрабри членките на НАТО да ги зголемат вложувањата во скторот на одбраната, пренесува Танјуг.
Расусен потсети дека во изминатите пет години Русија за 50 отсто ги зголемила вложувањата во својот одбранбен сектор, додека земјите од НАТО тие вложувања ги намалиле, во просек, за околу 20 проценти.
– Мораме да го смениме тој тренд, додека генералниот секретар на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



