| четврток, 6 декември 2018 |

Песимистите живеат подолго

Конечно песимистите имаат причина да бидат среќни. Имено, повозрасните лица што цел живот мислеле „на најлошото“ живеат подолго, покажуваат резултатите од едно истражување објавено од Американската психолошка асоцијација

102772608

Научниците откриле дека малите очекувања за „убава иднина“, всушност, доведуваат до поздрав живот.

Истражувањето, кое опфатило 40.000 лица во периодот од 1993 година до 2003 година, покажало дека „огромниот оптимизам“ предизвикува поголем ризик од болести и од повреди, како и смрт. Испитаниците биле поделени во три различни старосни групи, со цел да се оцени нивното задоволство од животот и како тие се гледаат во иднина. Пет години подоцна нивното ниво на задоволство е споредено со очекувањата.

Околу 43 проценти од највозрасната група, лица со повеќе од 65 години, имале малку верба во задоволството од идниот живот. Од вкупниот број членови во оваа група, дури 25 проценти точно ја процениле својата среќа, а 32 процента згрешиле.

Интересно е што највозрасните испитаници, кои го прецениле развојот на идните случувања, имале 9,5 проценти повеќе повреди и 10 проценти поголем ризик од смрт, покажале анализите.

Од друга страна, членовите на највозарсната група, кои биле песимисти, имале пореални очекувања и повеќе внимавале на себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top