| четврток, 6 декември 2018 |

Искршен споменикот на Мара Бунева

Спомен плочата која вчера беше поставена во чест на Мара Бунева, на кејот во Скопје е целосно искршена од непознати сторители.

mara-buneva2

Плочата беше поставена денеска во присуство на Красимир Каракачанов, претседател на бугарската ВМРО-БНД откако претходно беше организирана и панихида за Mара Бунева во црквата Свети Димитрија. Бугарските здруженија во земјава и годинава, како и претходните години, се пожалија дека македонската држава не им дозволувала тие да се изразуваат како Бугари. Тие истакнаа дека Македонците кои живеат во Бугарија не биле Mакедонци туку Власи.

mara-buneva1

Во македонската историја Мара Бунева е контраверзна личност која им служела на бугарските интереси и делувала под директива на Ванчо Михајлов. Бунева се посочува дека учествувала и во убиството на македонскиот револуционер Димо Хаџи – Димов.

buneva crni

Пред 85 години на денешен ден Бунева на кејот на Вардар извршила атентат врз началникот на српската џандармерија во Скопје, Велимир Прелиќ, по што се самоубила.

buneva crni1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top