Сопотските џаламари, карневалска група од кавадаречкото село Сопот, заминаа на фестивалот на виното во бугарскиот град Јамбол. Сопотчани, како што информира водачот на карневалската група и претседател на месната заедница, Миле Грозданов, ќе настапат со традиционалните џаламарски маски.
– Нашите членови облекуваат кожувчиња, ги врзуваат клопотарците на половината, ги црнат лицата и ставаат страшни маски од кожа. Со стапови во рацете и правејќи врева со клопотарците тие ги бркаат лошите духови. Сега ќе ги избркаме лошите духови од градот Јамбол, кој е познат лозарски регион во соседна Бугарија, како што се Кавадарци и Тиквеш во Македонија – рече Грозданов пред заминувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


