Маж од Богданци (58) бил нападнат од непознат сторител, вчера откако излего од мини-казино во Скопје. Тој бил следен од засега непознатиот напаѓач, а потоа натепан и ограбен на улицата под Кале, соопшти МВР.
Според полицискиот билтен, вчера Б.С. од Богданци додека се движел низ Старата скопска чаршија забележал дека го следи маж кого претходно го видел во казино. Кога пристигнал во близина на скопското Кале, непознатиот му се нафрлил удирајќи го со тупаници по лицето, по што од џеб на панталоните му одзел 10.000 денари, го турнал на земја и избегал.
Полицијата трага по разбојникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.