| четврток, 6 декември 2018 |

Царината откри 15 мигранти на патниот правец Гевгелија – Смоквица

Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи утринава во 01:00 часот по полноќ на патниот правец Гевгелија – Смоквица спречија обид за нелегална миграција на петнаесет лица.

– Царинските инспектори за преглед за контрола запреа товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки. Во моментот кога од возачот е побарано да го отвори товарот тој се дал во бегство, ја прескокнал жичаната ограда покрај автопатот и се одалечил од местото. При прегледот на возилото во делот за товар пронајдени се 15 лица кои не поседувале никакви документи за идентификација. Според нивните изјави 14 се од Авганистан и едно лице од Еритреа, соопшти Царинската управа.

За случајот веднаш се известени надлежните служби од Министерство за внатрешни работи, кои по итна постапка ги превзеле откриените мигранти и возилото за понатамошно постапување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top