| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец осум години виси по облакодерите по светот

Потребни се големо внимание и концентрација, зашто да се работи на височини од 50, 100 или 200 метри не е лесно. Една грешка може да те чини живот. Имаме две јажиња. Едното е главна линија, на која е малата дрвена клупичка на која седите додека работите, а второто јаже е резервната безбедносна линија, во случај првата да откаже. Нешто слично како со падобраните. Ако не се отвори главниот, имате резервен падобран, а двата, за среќа, многу ретко затајуваат.

Вака ја опишува својата несекојдневна професија 29-годишниот штипјанец Бојан Kукушов, пишува „Дневник“.

Пред 11 години, по завршувањето на штипската гимназија, почнал да студира меѓународни односи во Благоевград. Ислушал и трета година на факултетот за дипломатија, но тогаш прекинал – поради облакодерите во Чикаго! Оттогаш осум години се грижи за одржувањето на стаклените површини на висококатниците – првите четири во Чикаго, САД, а вторите четири во Хрватска.

Целата сторија ОВДЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top