Три илјади кубни метри земја се закануваат да се урнат на патот Каменица – Саса. Обилните дождови го разбудија лизгарот што се заканува да направат огромна хаварија на делницата меѓу Долна Саса и маалото Јагодина Река, јавува радио „Канал 77“.
Во моментов вработени во рудникот „Саса“ и „Македонија пат“ ја чистат едната коловозна лента од наносите на земја и на камења за да се овозможи одвивање на сообраќајот по една лента, но за поголема интервенција врз лизгарот, според Дирекцијата за заштита и за спасување, се чекаат специјални екипи од „Македонија пат“ бидејќи засега постои опасност илјдници кубни метриземја да се урнат на патот и да предизвикаат поголема штета. Од „Македонија пат“ смируваат, според нив , засега е стабилна сстојбата, една машина постојано е на овој дел со цел да не се дозволи прекин во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



