Влезот на странски капитал директно влијае врз подобрувањето на економската состојба во целата земја. Но, лоцирањето на компаниите во одредени региони овозможува со отворањето на работните места да се подобри животниот стандард на локалното население. Со отварањето на технолошко индустриски развојни зони во повеќе градови низ републиката, Владата цели кон заживување на економијата во целата земја, пишува „Лидер“.
Вчера беше поставен камен темелник на зоната во Радовиш, а веќе во фаза на изградба се индустриските зони во Кичево и Тетово. Во втората половина од месецов се планира со градба да започне ТИРЗ Струга, а во месец септември ТИРЗ Берово и ТИРЗ Виница, велат за Лидер од Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони во Македонија.
Иако, досега странските компании што инвестирале во Македонија најголем интерес покажувале за зоните во Скопје, заинтересираност имало и за зоните кои се градат во другите градови, особено од компании кај кои во технолошкиот процес повеќе се користи работна сила и за кои е поконкурентно да не се во близина на Скопје, каде што трошоците се повисоки.
Според информациите од Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони во Македонија предвидени се 15 ТИРЗ. За сите има усвоено планска документација. Сите се основани ( СК1, СК 2, Тетово, Штип, Прилеп, Кичево, Струга, Струмица, Ранковце, Гевгелија , Радовипш, Верово, Виница) освен ТИРЗ Скопје 3 и ТИРЗ Делчево.
Повеќе на „Лидер“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст