| четврток, 6 декември 2018 |

На Џек Николсон „му се пуштале“ и мажи

dzek-nikolson-penzija-01

Иако го бие глас дека е голем женкар, славниот американски актер Џек Николсон морал повеќе да се брани од додворувачи отколку од додворувачки.
Така барем тврди неговата поранешна сопруга и колешка Анџелика Хјустон која со него во брак беше 16 години.
– Беше во центарот на вниманието, секако на жените, но и на мажите. Тие дури и беа полоши од жените, го напаѓаа како тинејџерки, извикувајќи Џек!, Џек!, Џек!, рече таа.
Шеесет и тригодишната актерка во интервју за американската ТВ мрежа Си-би-ес, изјавила дека Џек го запознала во 1973 година на забава во неговата куќа во Лос Анџелес.
– Тоа беше љубов на прв поглед, истакна Анџелика која од 77-годишниот актер се разведе 1989 година, кога доби дете со друга актерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top