| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Забраната за бракови од ист пол пред Врховниот суд

istopolovi brakoviАдминистрацијата на американскиот претседател Барак Обама официјално ги поддржа хомосексуалните бракови во документ, доставен синоќа до Врховниот суд на САД, кој ќе го разгледа предметот до крајот на март. Забраната на геј бракови во Калифорнија ја нарушува еднаквноста во човековите права, гарантирана со 14-та измена на Уставот, нагласуваат адвокатите на Министерството за правда во документот, кој содржи 40 страници.

Врховниот суд на 26 март треба да ги разгледа жалбите против забраната за склучување бракови меѓу лица од ист пол во сојузната држава Калифорнија. На 27 март Врховниот суд ќе разгледа и дали американскиот закон за браковите е уставен. Овој став на американската администрација за еднополовите бракови може да ги промени работите во седум други американски држави, освен во Калифорнија, кои им даваат предност на браковите меѓу маж и жена, пред хомосексуалните, а партнерите од ист пол живеат во граѓанско партнерство.

Американската Влада исто така побара минатата недела од Врховниот суд да го отстрани текстот од својот „законски арсенал“ во кој бракот на национално ниво се дефинира како заедница меѓу маж и жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top