| четврток, 6 декември 2018 |

Дебелковците се подобри во кревет

Турските научници открија нешто што ќе ги утеши сите оние кои немаат плочки на стомакот, а ќе ги замисли жените.

Имено, според направената студија, дебелите мажи се подобри љубовници од слабите. Партија секс со оние што имаат пивско стомаче просечно трае 7,3 минути, додека, пак, оваа минутажа кај послабите мажјаци е многу помала, односно трае 1,8 минути.

Исто така, научниците утврдиле дека слабите мажи не поседувале вештини со кои се служат елегантно пополнетите во креветот за да ја задоволат жената.

Причината лежи во тоа што заради љубовните перничиња, поточно наслагите на сало во стомачниот дел, дебелковците имаат помалку проблеми со предвремената ејакулација. Наслагите од сало на машкиот стомак помагаат да се постигне хормонска рамнотежа заради одвишок женски хормон естрадиол, еден од облиците на естрогенот. Ниското ниво на женски хормони кај мажите, поточно кај мажите без стомаче, може да создаде проблем на ова поле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top