| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Мeѓународен ден на пивото

Меѓународниот ден на пивото се прославува на првиот петок во август, традиција која е основана во 2007 година во Санта Круз, Калифорнија. Од своето основање, од мал локализиран настан во западниот дел на САД, Денот на пивото прерасна во светска прослава која опфаќа 207 града, 50 земји и 6 континенти.

Меѓународниот ден на пивото има прогласено три цели:

  1. Да се ​​соберете со пријателите и да уживате во вкусот на пивото
  2. Да се слават оние кои се одговорни за подготовка и за послужување на пивото
  3. Да се обедини светот под знамето на пивото, со прославување на сите пива од сите народи заедно во еден ден.

Учесниците се охрабруваат да си го подарад еден на друг „дарот на пивото“ со меѓусебно частење на пиво и да ја изразат својата благодарност до пиварите, бармените и другите техничари за пиво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top