Лос Анџелес ги има одличните екипи во НБА, Клиперс и Лејкерс, а и двете победуваат во последно време, во обид по подолго време титулата да стаса во градот на филмската индустрија.
Во синоќешната понуда од 3 натпревари, Клиперс го скршија отпорот на Индијана и славеше на гости со 99-91, а Лејкерс со извонредниот Коби Брајант, кој даде 33 поени, ја преслушаа Минесота со 116-94.
Сепак, во центарот на вниманието беше Јоаким Ноа, кошаркарот на Чикаго. Францускиот центар забележи 23 поени, 21 скок и 11 блокади во победата против Филаделфија со 93-82.
Тој го израмни клупскиот рекорд по број на „банани“ на Артис Гилмор од 1977 година. За Ноа ефектот од 11 блокади е личен рекорд, а Булс комплетираше серија од три победи. Карлос Бузер имаше 21 поен и 12 скока.
Коби Брајант и Џоди Микс погодија по 4 тројки во одличната партија на Лејкерс и победа од 116-94 против Минесота на домашен терен. „Езерџиите“ беа расположени за удари од далечина и имаа 50-процентен ефект за 3 поени (16 од 32).
Минесота е соочена со огромни проблеми со повредите на дел од своите кошаркари. Резултат на тоа се дури 20 порази на последните 24 натпревари.
Клиперси ги надминаа тие проблеми, сите кошаркари се во строј, а под команда на Крис Пол тимот бележи успеси. Ноќеска ја победија Индијана со 99-91 на гости. Пол даде 29 поени, со 8 асистенции и 6 скока. Џамал Крафорд уфрли 23 поени, а Блејк Грифин го заврши мечот со 18 поени и 14 скока.
Гостите го искористија отсуството на суспендираниот центар Рој Хиберт кај Индијана и рутински славеа. Најефикасни во поразениот тим беа Вест со 22 и Џорџ со 20 поени.
Резултати: Индијана – ЛА клиперс 91-99, Чикаго – Филаделфија 93-82, ЛА лејкерс – Минесота 116-94
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


