| четврток, 6 декември 2018 |

Филе, Ховит и Бузек во Скопје да ги сопрат поделбите

fileЕврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, заедно со известувачот за Република Макеоднија во Европскиот парламент Ричард Ховит и поранешниот претседател на Европарламентот Јиржи Бузек, денеска се во Скопје со цел да извршат притисок да се стави крај на политичката криза.

– Комесарот Филе ќе отпатува во ПЈР Македонија во заедничка мисија со членовите на Европскиот парламент Ховит и Бузек, со цел да се сретне со засегнатите страни и да придонесе да се најде начин како да се надмине сегашната политичка криза. Солуција на кризата ќе помогне да се создадат услови за извештајот кој ЕК го подготвува врз база на одлуката на земјите-членки за оваа пролет. Таа ќе креира услови овој извештај да биде позитивен, истакна портпаролот на Филе, Петер Стано, вчера на официјалнито прес-брифинг во зградата на Европската комисија.

Во соопштението испратено од известувачот од ЕП, Ховит, пак, се наведува дека во светло на сегашната политичка криза, тој заедно со Бузек и Филе ќе дојдат во Скопје и притоа се наведува:

– Нашето заедничко присуство, како ЕП и ЕК, и парламентарци од двете најголеми политички партии во Европарламентот, ќе покаже дека Европа е обединета во кажувањето дека сега е време на подлебите во Скопје да им се стави крај, порачува британскиот европратеник Ховит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top