Ако сакате да бидете модна икона, прво правило кое треба да го усвоите е – никогаш не смеете да бидете роб на облеката што ја носите. Таа би требала да ве разубави и да ви даде дополнителна самодоверба и доза на софистицираност. Следуваат седум најголеми модни грешки кои никогаш нема да си ги простите, затоа подобро е да ги спречите.
ТЕНКИ ПОТПЕТИЦИ И МИНИ ЗДОЛНИШТЕ
Во овој случај воопшто не станува збор за откривање премногу кожа, туку работата е во тоа што комбинацијата кратко здолниште или панталони со чевли со тенка висока потпеци изгледа еднакво лошо како и комбинацијата широки панталони со џебови и војнички чизми или, пак, носење очила за сонце, огрлици, обетки, односно мноштво блескав накит во исто време. Решение: панталоните со висока половина и широки ногавици ќе ги направат вашите нозе неверојатно долги, а ако сакате здолништа, тогаш одлучете се за мини и чевли со подебела пета и мини платформа.
ВО ЕДЕН „ДИЗАЈНЕР“ СТЕ ОД ГЛАВА ОД ПЕТИ
Ова не мора да се однесува само облеката со потпис на луксузни дизајнери… Ако целосно сте облечени во облека од ист бренд, може лесно да оставите впечаток на подвижна реклама. Стилот не се отсликува само ако носите нечие „име“ на себе, туку препорачливо е да си играте со разни парчиња облека.
СЕ ОБЛЕКУВАТЕ ВО ОБЛЕКА КОЈА „ЕДВАЈ ЈА ОБЛЕКУВАТЕ“
Сите жени кои се борат со вишокот килограми би сакале да влезат во помал конфекциски број, но ако го правите тоа на сила правите навистина смртен грев. Никој нема да забележи дека сте во „помал број“, но сите ќе забележат дека „виси“ на сите страни. Поштедете се од тоа.
КОГА ПРЕТЕРУВАТЕ СО „МАЛКУ НЕУРЕДНА“ ОБЛЕКА
Ако сакате да постигнете лежерен стил и да ги следите модните трендови кои диктираат дека облеката мора да има „шмек“ на носена и малку истрошена, мора да знаете како да го направите тоа.
ДЕТАЛИ КОИ МОЖАТ НЕКОГО ДА НАВРЕДАТ
Постои причина зошто пердувите, хиндуистичките мотиви или пак, африканските фустани се толку естетски уверливи. постојат цели култури, религии и групи луѓе на кои тие симболи многу им значат, затоа носењето такви дезени и симболи само затоа што ги сметате дека се „слатки“ баш и не е „кул“. Без разлика колку ви се допаѓа тој детаљ, подобро е да се избегнат тие комбинации во вашиот стил.
НЕУДОБНА ОБЛЕКА И ОБУВКИ
Премногу тесната облека може да биде вистински хорор. Ако сте облекле некој фустан „залепен“ за телото во кој одвај дишете, тогаш сигурно уште еднаш поради тоа ќе зажалите кога ќе се обидете да се качите по скалите. Ако вашата облека и неудобни чевли го „управуваат“ вашиот живот, тогаш сигурно не се вредни за такво страдање.
СЕ ПРЕПРАВАТЕ ВО НЕКОЈ ШТО НЕ СТЕ
Многу е важно да одредите што точно сакате да порачате со облеката што ја носите. Дури и кога испробувате нешто сосема ново, водете сметка за тоа облеката секогаш да ве отсликува вас и вашиот персоналитет. Кога се облекувате за некоја свечена прилика, никогаш не би смееле да се чувствувате како да сте облекле костум. Нема врска ако никој во вашето друштво не носи фармерки или ако никој не ви дава комплименти за вашите панталони со машки крој – ако вие во тоа се чувствувате пријатно, ништо друго не е битно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



