-Возило е пронајдено во 19 часот и 45 минути на место викано „Мирешки ливади“ во близина на државната граница со Република Албанија. Двете задни врати од џипот биле отворени, задното ветробранско стакло било скршено, а на задното седиште во лежечка положба е забележан машкиот леш – соопштуваат од СВР Охрид.
На лице место, во тек е криминалистичко-технички увид во присуство на јавен обвинител од Основниот суд во Дебар, претставници од судска медицина, од Министерството за внатрешни работи и други овластени службени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



