Ту на твоме двору нисам више краљ
Да се поздравим с тобом, то не могу, знај
Све је премало за крај,
Све је премало за крај.
Само никоме о томе не причам
Још ти сваки грех претворим у сјај
Све је ово премало за крај.
Рефрен:
Нечу више да те волим, не
Кажем, али знам да касно је
Остављен и сам у свом очају
Ја још живим као да си ту…
Ова се стиховите од новата песна на трагично починатиот Тоше Проески, насловена „Све је ово премало за крај”, која во демо верзија е пронајдена во неговиот лаптоп. Таа ќе биде објавена на 25 јануари, на денот на неговото раѓање.
Музиката и текстот на оваа песна се дело на Јелена Трифуновиќ, а аранжманот е направен од страна на Никша Братош.
– Тоше беше воодушевен со песната која ја купи кога неговиот последен албум беше готов. Му се допадна и сакаше да ја има за себе. За жал, поради трагичниот настан не успеа да ја реализира во студио. Искрено и јас бев воодушевена и трогната кога ми кажаа дека ја пронашле во неговиот компјутер и дека ја отпеал со клавир – вели Јелена.
Таа објаснува дека на снимката се слуша лаење на кучиња, бидејќи веројатно прозорот му бил отворен.
– Исто така, ми беше кажано дека само половина строфа отпеал, дека делови морало компјутерски да се чистат и обработуваат. Не сум ја слушнала финалната верзија, но не се сомневам дека е магична и доста трогателна – коментира Јелена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


