| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватските медиуми претераа: Снимката покажува дека Македонецот не ја тепа фоката (ВИДЕО)

Хрватските медиуми очигледно го предимензионираа целиот настан и веста дека  Македонец неколку пати удрил фока на плажа во Пула. Оваа информација веднаш се рашири на социјалните мрежи, но реално она што може да се забележи од видеото објавено на Дневник.хр е дека всушност Македонецот не ја удира фоката, туку само ја гали.

foka

Казната, пак, од 1500 куни (околу 12.000) денари е заслужена бидејќи постои забрана за допирање на фоките и не смеел да се доближува до неа.

Од друга страна, неговото протерување од Хрватска нема никаква врска со овој настан. Полицијата утврдила дека тој незаконски престојува во земјата, по што добил и забрана за влез во наредните 5 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top