| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот кој тепал фока во Хрватска е од Крива Паланка

Насилниот Македонец кој тепал фока  во Хрватска е од Крива Паланка, пренесува Канал 5.

MEDVJEDICA_GORTANOVA_TURISTI_REGIONAL_EXPRESS

Педесет и шестгодишниот македонски државјанин плати казна од 200 евра, но и протерување од Хрватска, затоа што престојувал незаконски.

Хрватите се чудат поради однесувањето на гостинот од Македонија. Како што пишуваат весниците, инцидентот се случил во неделата околу 15 часот и 30 минути во Гортановиот залив во Пула. Иако на плажата постоело едукативно пано за забрана за вознемирување на фоката, меѓу поголемиот број туристи кои ја набљудувале се издвоил 56-годишниот македонски државјанин.

-Тој се приближил до просторот што бил заграден со ленти поради забрана за приближување, неколку пати ја удрил фоката по грбот и ја истерал од плажата кон морето – пишуваат хрватските медиуми.

Полициските службеници веднаш пристигнале на местото на настанот и утврдиле дека нашинецот направил прекршок од Законот за заштита на природата, поради што судот му изрекол казна од 1.500 куни (околу 200 евра), што Македонецот ја платил веднаш. Било утврдено и дека нашиот државјанин незаконски престојувал во Хрватска, поради што е протеран на пет години.

Имајќи предвид дека станува збор за строго заштитен вид што често ги посетува плажите во Пула, полицијата ги предупредува граѓаните и туристите, поради заштита на животните, но и поради своја безбедност, да не и’ се приближуваат на фоката, да не ја допираат, да не ја гаѓаат со камења и да не ги приближуваат домашните миленици до неа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top