Tатко и две деца загинаа утринава во сообраќајна несреќа која се случи во близина на Дубровник. Според пишувањата на хрватските медиуми третото дете и мајката се борат за живот.
Несреќата се случила откако на свиок, британскиот државјанин удрил во банкина, а потоа влетал под камион.
Директорот на Општата болница во Дубровник, д-р Јерко Цертиќ, изјавил дека 44- годишнта мајка и 8-годишното дете се наоѓат во Одделот за интензивна нега и се во животна опаснот. Мајката има внатрешно крвавење и е оперирана, додека детето било со овеќе повреди на главата и на градниот кош.
Возачот на камионот е во тотален шок по несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





