| четврток, 6 декември 2018 |

Многуте „добри пријатели“ на Хилари Клинтон

klinton hilari

Научнците велат дека повеќето луѓе имаат само малкумина блиски пријатели, но Хилари Клинтон не е како повеќето луѓе – и таа се обидува да го докаже тоа во своите мемоари.

Од помошници и високи владини службеници до светски лидери и најмалку една рок ѕвезда. Книгата „Тежок избор“ е преполна со фразите „стари пријатели“, „дамнешни пријатели“, „вредни пријатели“ „немерливо бесценети пријатели“ и тн. Настрана отфрлените деспоти, ретко кого таа критикуа.

Освен што се можеби тактички потег за претстојните претседателски избори во 2016 година, мемоарите се и екстремно внимателни да не навредат некого, и изгледаат како совршено нагодена „скениран индекс“ на имиња, што е ноторна вашингтонска пракса каде ВИП-овците си го наоѓаат своето име и читаа што е напишано за нив, но и малку друго нешто.

По прегледувањето на проширенот индекс на имиња на 32 страни, моќниците во десетици светски престолнини ќе бидат задоволни кога ќе откријат дека нивните блиски врски со Клинтон се забележани во нејзините официјални белешки.

Листата на овие „пријатели“ исто ни овозможува интересен прозорец во недофатливиот и космополитски свет во кој Клинтон живее, дури и кога таа се обидува да ги избегне  критиките за елитизам. Има бројни шефови на држави, но речиси нула „пријатели“ кои не се познати или моќни.

Таква е матрицата која продолжува и за време на нејзината агресивна турнеја за промоција на книгата, дури и на форуми направени за да им овзможи на обичните луѓе пристап до поранешниот државен секретар. За време на прашања и одговори на Твитер минатата недела, Клинтон прими повеќе прашања од извршни директори на компании и познати лица, како што е актерката Ејми Пехлер, отколку од просечните корисници на социјалната мрежа.

Разликите во тонот помеѓу нејзината претходна книга со мемоари „Жива историја“ и „Тежок избор“ се очигледни: едната е лична, другата професионална. Во „Жива историја“ има некои референси за пријателства со дрски пријатели, како Стиви Вондер и поранешниот гувернер на Тексас, Ен Ричардс, но повеќето се лични пријатели, од детството или од раниот пубертет.

Еве листа на „пријатели“ на Хилари Клинтон, заедно со некои „бесценети пријатели“ и „сојузници“, наведени по случаен ред:

Сенаторот Дајан Фејнстејн, демократ од Калифорнија: „Моја добра пријателка“ која беше домаќин на тајната средба помеѓу Клинтон и Барак Обама откако таа ја прифати номинацијата за претседателски кандидат од демократите во 2008.

Поранешниот сенатор од Охајо, демократот Стефани Тјубс Џоунс: „Моја драга пријателка… која го издржа интензивниот притисок и остана покрај мене за време на предизборите“.

Помошникот на Клинтон, Џим Кенеди: „Стар пријател со волшебен допир за магнетен израз“.

Порашениот шеф на кабинет на Клинтон во Белата куќа, Џон Подеста: „Вреден пријател“.

Претседателот Барак Обама: Двајцата станале „добри пријатели“ и „партнери“ откако завршиле предизборите во Демократската партија.

Елди Ејкисон: „Моја соученичка од Велесли и пријателка“, внука на поранешниот државен секретар Дин Ејкисон.

Черил Милс: „Станавме пријатели кога Черил работеше како заменик советник во Белата куќа во 90-ите“.

Поранешниот министер за трговија на САД, Мики Кантор: „Мој пријател“.

Лиза Мускатине: „Моја пријателка и поранешна пишувачка на говори во Белата куќа, која ја работеше истата работа и во Стејт департментот“.

Поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт: „Моја одамнешна пријателка“.

Други поранешни државни секретари: Ворен Кристофер „ми го даде најпрактичниот можен совет“; Хенри Кисинџер „беше редовно присутен и разменувавме вредни забелешки“; Колин Пауел „ми даде вредни проценки за лица и идеи“; Џорџ Шулц и дал на Клинтон „најдобриот подарок од сите можни: кадифено мече кое пее „Не се грижи, биди среќна“.

Бил Клинтон: „Мојот најдобар пријател“.

Конгресменот Џо Краули, демократ од Њујорк: „Мој пријател“.

Починатиот висок дипломат Ричард Холбрук: „Наш пријател“.

Поранешниот директор на ЦИА, Леон Панета: „Мој добар пријател“.

Ирскиот политичар Шерон Хојхи: „Моја стара пријателка“.

Поранешниот мексикански секретар за надворешни работи, Патриша Еспиноза: „Една од моите најомилени колешки и добра пријателка“.

Претседателот на Чиле, Мишел Башелет: „Јас и таа станавме сојузници и пријателки“.

Јапонската императорка Мичико: „Која беше одушевена кога ја избрав Јапонија како моја прва станица како државен секретар“.

Кенијскиот политички активист Вангари Матаи: „Му бев фан и пријателка“.

Сопругата на Нелсон Мандела, Граса Макел: „Извонредна… моја пријателка“.

Јужноафриканскиот министер за меѓународни односи, Маите Нкоана-Машабане: „Силна жена која ми стана пријателка“.

Фронтменот на ЈуТу, Боно: „Уште еден пријател“.

Поранешниот израелски премиер Шимон Перез: „Мој стар пријател“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху: Двајцата „работевме заедно како партнери и пријатели“.

Поранешниот израелски премиер Јицак Рабин: „Мој погубен пријател“.

Пензиониранот генерал и поранешен претседателски кандидиат Весли Кларк: „Стар пријател“.

Поранешниот премиеир на Австралија, Кевин Рад: „Мој пријател“.

Помошничката на Клинтон, Меги Вилијамс: „Блиска пријателка и доверлив соработник“.

Поранешниот британски министер за надворешни работи Дејвид Милибенд: „Бесценет партнер и пријател“

Наследникот на Милибанд, Вилијам Хејг: „Исто ми стана близок колега и добар пријател“.

Поранешниот секретар за финансии Тим Гартнер: „Идеален партнер во нашите односи со Кина“.

Норвешкиот министер за надворешни работи Јонас Гар Сторе: „Еден од моите партнери“ во справувањето со климатските промени.

Поранешниот секретар за одбрана Боб Гејтс: „Уште од почетокот станавме сојузници“.

Помошникот за национална безбедност во Белата куќа, Бен Роудс: „Силен сојузник во Белата куќа“ во врска со Бурма.

Тогашниот сенатор Џон Кери, демократ од Масачусетс: „Вреден сојузник на теренот“.

Клинтон исто ги пофалува потпретседателот Џо Бајден заради неговото „богатство во меѓународното искуство“, заедно со неговата „топлина и хумор“, иако него не го нарекува пријател. За Мишел Обама, Клинтон пишува дека двете „цврсто се поврзавме во предизвикот за подигнување на семејство под погледот на јавноста“. Безбројни други помошници се наведени и пофалени, додека таа го користи терминот „пријател“ во дипломатски контекст во бројни прилики (кога зборува како за народи, наместо како за индивидуи), но овој термин е најмногу резервиран за лидери и високи официјални лица.

Клинтон работеше осум години во Сенатот, каде сите меѓу себе се обраќаат со „мојот пријател од“ без разлика која држава ја претставуваат, дури и кога се напаѓани од нивните стари идеолошки непријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top