| четврток, 6 декември 2018 |

Секс четврток: Совети за одмор полн со сексање

Незаменливи неколку денови во годината кога со вашиот партнер ги заборавате секојдневните грижи и стресот од работата и се посветувате на уживањето. Одморот, макар траел и само неколку дена, е вистински благодет за вашата душа и тело. Денови кога единствениот проблем ви е да смислите нешто ново и поинтересно во креветот.

По првите предлози и совети за романтичниот викенд од минатиот четврток, ви нудиме нова листа со искуства, кои можеби ќе ви помогнат.

  • Доброто е што може да се галите во било кој дел од денот. Па, во најжешкото, вратете се во вашата соба. За ова сценарио имате три варијанти:
  1. Уште неистуширани, испотени и малку солени по телото, може да се „довалкате“ со брзински секс во исправена положба. Дали партнерот ќе ве притисне на ѕидот или пак, ќе ве земе отпозади додека се потпирате на лавабото, сеедно. Ова е поза во која си дозволувате жиотински секс, а посебно уживање за него e да му дозволите да заврши со прскање на вашите гради или било кој дел од телото;
  2. Оваа попладневна секс-ужинка може да се случува и под тушот или во полна када. Мијте се меѓусебно и полека мачкајте се со сапуница. Дозволете му да го исчисти секој дел од вашето тело, а возвратете со иста мера. До врвот може да стигнете само со меѓусебно мазење и задоволување, а без секс. Некогаш најдобрите оргазми доаѓаат со рачниот труд;
  3. Третото сценарио кај оваа дневна пауза, е кога веќе сте се истуширале, ручале, климата е пуштена, а дремката ве гони. Нежен и бавен секс и милување е одлично за интимно поврзување со партнерот. Уживајте во страничниот секс, кој не бара многу напор, а има скоро стопроцентна шанса за доживување на оргазам и за двата партнера.

За авантуристите, комбинирањето или пак практикувањето на овие три предлози, е исто така добра идеја.

Се надеваме дека на  барем кратко можете да излезете од вашето место на живеење и дека ќе се препуштите на летните сексуални закуски. Со нови предлози, ве напаѓаме веќе следниот четврток.

 

Пушува: М.Б.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top