Утре без струја ќе бидат делови на општините Карпош, Сарај, Ѓорче Петров и Аеродром, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи од Град Скопје.
Според најавите, во Карпош електрична енергија ќе нема од 9 до 15 часот за корисниците од улица Женевска, од бр. 23 до бр. 27, и од улица Хашка, потоа од 9 до 12.30 часот за корисниците од улица Езерци, а во периодот од 9 до 15.30 часот за корисниците од булевар Партизански одреди број 151.
Во Сарај струја ќе нема од 11 до 14 часот, за дел од корисниците од село Шишево, а во периодот од 9 до 14 часот за корисниците од село Семениште.
Во Ѓорче Петров прекин на електричната енергија ќе има од 9.30 до 15.30 часот за корисниците на дел во центарот на населба Волково, а во периодот од 12 до 15.30 часот за корисниците од улица Николај Островски и улица Пеаане.
Во Аеродром, пак, прекинот ќе трае во периодот од 9 до 14 часот за корисниците од булевар АСНОМ, број 44, 46 и 74.
Прекините ќе бидат направени поради инвестициски зафати на ЕВН во електричната мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.