„Секундата е сѐ и менува многу, за секунда си приказна, за секунда си убиец! Жал ми е!“
Овие зборови на својот профил на „Фејсбук“ вчера околу 19 часот ги напишал Рајко Радојковиќ (21) од Ниш , возачот на „фордот“, кој е осомничен дека поради непрописно престигнување кај Демир Капија предизвика сообраќајна несреќа во кои двајца загинаа, меѓу кои и осуммесечно бебе, а уште петмина се повредени.
Ова бил неговиот последен коментар на „Фејсбук“ затоа што утрово околу 10 часот го угасил профилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



