На бремените жени не им се препорачува сончањето во голема мера затоа што може да предизвика дехидрација на организмот, зголемување на телесната температура и влијае на крвниот притисок.
Докажано е дека сончаницата, како последица на дехидрација на организмот, може да предизвика предвремено породување, додека зголемената телесна температура во текот на подолгиот временски период во најраната бременост може да предизвика оштетување на плодот.
Идните мајки треба да избегнуваат подолго излегување на сонце во периодот од 11 до 17 часот и да се сончаат во сенка, да пијат многу течности, да јадат лесна храна и да користат крема со висок заштитен фактор и да носат шапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.