| четврток, 6 декември 2018 |

Истражната постапка за сообраќајката кај Удово продолжува, возачот не смее да ја напушти земјата

несрека

Дваесет и едногодишниот Рајко Радуловиќ од Ниш, учесник во сообраќајката која деновиве се случи кај Демир Капија, при што загина осуммесечно бебе, а седуммина патници беа повредени, откако излезе од болница ќе мора да остане во Неготино и секој ден да се јавува во полиција сѐ додека не заврши истражната постапка околу тешката сообраќајка.

Ваква одлука донел неготинскиот суд на барање на обвинителството, информираше Аце Ангелковски, претседател на Основен суд – Неготино.

Денеска почина и чичкото на осуммесечното бебе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top