| четврток, 6 декември 2018 |

Сојуз на синдикати: „Витаминка“ е пример за добар работодавец

„Витаминка“ е пример за добар работодавец е заклучокот од состанокот на раководството на „Витаминка“ и Сојузот на синдикатите на Македонија.

Во „Витаминка“ работат точно 576 лица, секој од нив е подеднакво важен за нас како компанија, а и неговиот индивидуален придонес во секојдневната оперативност на компанија. Токму заради тоа ни е исклучително важно секој од нив да биде задоволен и среќен на работното место каде што поминуваме една третина од денот. Сепак „Витаминка“ е компанија со голема традиција и почитување на односите со вработените – изјави Сашо Наумоски, генерален менаџер на „Витаминка“.

Оваа консултативна средба е одговор на заложбите на „Витаминка“ за унапредување на релациите со вработените, како и исполнување на сите обврски и барања на кон своите вработени.

„Витаминка“ е компанијата што е предводник од приватниот сектор во доследно следење и исполнување на своите обврски кон вработените. Но, големината на субјектот како и комплексноста на функционирањето на компанијата наметнуваат и некои други дополнителни услови и препораки кои се на релација раководство – вработени, но исто така и меѓу самите вработени. Затоа овие консултативни средби се со двоен бенефит, затоа што разменуваме мислења значајни и за нас како организација на вработените и не упатуваат во правилно менаџирање на нивните барања – изјавија од Синдикатот.

„Витаминка“ беше една од првите компании којашто на своите вработени им го исплати регресот за годишен одмор, К-15.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top