| четврток, 6 декември 2018 |

Стружанец и стржанка препродавале хероин

Пoлицијата во Струга кривично ќе ги гони 25-годишниот А.С. од струшкото село Велешта и 28-годишната С.У. од струшката населба Теферич поради сомнение за направено казнено дело неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Завчера, односно на 29 овој месец, при преглед на чанта сопственост на С.У. пронајдени се вкупно шеснаесет пакувања со опојна дрога хероин завиткани во жолта најлонска фолија, а наменети за натамошна продажба на
наркозависници од Струга и од Охрид. Прегледот е извршен околу 18 часот по претходни оперативни сознанија дека С.У. во близина на хотел во центарот на Струга остварува контакт со наркозависници и врши препродажба на хероин.

С.У. секојдневно остварувала контакт со првопријавениот А.С. од кого редовно добивала по 20 пакувања со хероин по што таа телефонски со наркозависници договарала место за продажба и преземање на дрогата. Парите од продажбата потоа
му ги предавала на А.С. за што добивала по 1.000 денари независно од бројот на продадените опаковки хероин.

При извршен претрес во домот на А.С. а по наредба на Основниот суд во Струга, пронајдена е една дигитална вага и испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top