
Екипи на Одделението за превенција при СВР Скопје, на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода и претставници на општина Кисела Вода, денеска го спроведоа проектот „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, кој е дел од кампањата за превенција од имотни деликти.
Кампањата, која има за цел превентивно дејствување и намалување на бројот на кражби од приватните возила беше спроведена на повеќе локации низ општината, при што беше поделен информативен материјал-летоци, налепници и сенки за автомобил, со едукативна содржина за возачите. Полициските службеници ги запознаваа граѓаните со мерките за превенција и самозаштита кои треба да ги преземат како би се намалил бројот на извршени кривични дела од овој тип.
– Подигнувањето на безбедносната култура кај сопствениците на возила, редовното присусво на полициски патроли и зајакнување на довербата и соработката меѓу граѓаните и полицијата, која преку вакви и слични проекти треба да се достигне, треба да донесе зголемување на чувството на сигурност и безбедност на граѓаните во нивните населени места – се вели во соопштението од општина Кисела Вода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања


